Vrabotuvanje.com - Оператор за производство и монтажа на електрични глисери (Струга, Охрид, Дебар) - Струга, Охрид, Дебар - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператор за производство и монтажа на електрични глисери (Струга, Охрид, Дебар)

Струга, Охрид, Дебар

Рок за пријавување:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје



 

Агенцијата ЕСИ за потребите на нашиот партнер, растечка компанија која е препознатлива по политиката за квалитет, флексибилноста и отвореноста кон потребите на пазарот. Основана е во далечната 1986 година и се бави со Производство и развој на производи GRP (Glass Reinforced Plastic). Таа ги нуди своите производи на европскиот отворен пазар и секогаш се стреми кон квалитет.

Нашиот тим постојано се зголему со нашите побарувачки, затоа решивме да го збогатиме со нови работни места, кои сметаме дека ќе ни помогнат да се развиваме уште повеќе во иднината. Имаме потреба од работната позиција:

ОПЕРАТОР ЗА ПРОИЗВОДСТВО И МОНТАЖА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ГЛИСЕРИ (Струга, Охрид, Дебар- (М/Ж)


ЗАДАЧИ:

  • Ламинирање на корито и палуба за глисери заедно со пропратни операции
  • Обработка, контрола на квалитетот и репарација на глисери
  • Монтажа на мотори, батерии, системи за управување, друга наутичка опрема и поставување на електрична инсталација за истите
  • Водење евиденција за изработени делови и времето за нивна изработка
  • Средување и хигиена на просторот за работа и алат и припрема за наредниот ден
  • Пакување во заштитна амбалажа на изработените делови
  • Редење на палети и утовар

БАРАМЕ:

  • Амбициозни, лојални и снажни личности со желба за напредок и учење
  • Образование - Минимум ССС
  • Претходно работно искуство со користење на рачен алат- ќе се земе како предност
  • Работно искуство во производствена или средина со хемиски процеси ќе се смета за предност
  • Способност да се реагира брзо во зависност од потребите на бизнисот
  • Носење на задолжителна заштитна опрема
  • Со или без работно искуство 

НУДИМЕ:

  • Платен организиран превоз
  • Обезбеден топол оброк
  • 14 дневна платена обука
  • Работно време од 07:00 до 15:00 часот
  • Понеделник до петок, сабота по потреба со адекватен паричен надомест
  • Почеток со работа: веднаш
 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Брза Апликација и наведете ја позицијата за која аплицирате.

ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
www.esi.mk 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде