Vrabotuvanje.com - Сервисен техничар/ка - Скопје - ЕКА ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сервисен техничар/ка

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕКА ДООЕЛ Скопје

ЕКА ДООЕЛ Скопје, член на светски познатата компанија Knorr Bremse е искусна и добро позната компанија која се занимава со дизајнирање, развој и производство на мобилни и стационарни уреди за тестирање на сопирачки кај шински возила (пробници). Производите на ЕКА главно се користат од страна на железнички оператори, производители на железнички возила како и работилници за сервисирање на железнички возила. ЕКА (Knorr Bremse) поизводите во моментов се пласираат на следните пазари: Европа, Америка, Азија и Африка.

Во моментов, ЕКА ДООЕЛ Скопје (Knorr Bremse) има потреба од проширување на својот тим, во одделот за Сервис, за позицијата:

сервисен техничар/ка
 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Изработка на електронски склопови
  • Вршење на дијагностика/сервис на локација кај клиент или во сервисен центар
  • Работа со електроника, пневматика и хидраулика
  • Склопување, модифицирање, реконструирање и поправање машински делови и склопови.
  • Извршување машински и/или електрични поправки преку соодветно зададени работни налози.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно стручно образование (струка Електроничар/Електротехничар)
  • Возачка дозвола (Б категорија)
  • Познавање на регулативите за здравје и безбедност при работа
  • Познавање на англиски јазик
  • Претходно работно искуство во оддел за сервисирање ќе се смета за предност (работа со рачен и електричен алат)

ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ

  • Желба за учење
  • Способност за прецизна работа со електроника
  • Способност за читање на техничка документација
  • Посветен на работата и насочен кон реализирање на поставените цели
  • Подготвеност за работа на терен (надвор од Македонија)
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови, како и превземање иницијатива во работењето


Заинтересираните кандидати своето CV и мотивационо писмо и/или препораки можат да ги испратат преку полето Брза Апликација најдоцна до 15.12.2022.

Само потенцијалните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде