Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - ЕНЕРГО СИСТЕМ Михајло и Зоран ДОО увоз-извоз Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕНЕРГО СИСТЕМ Михајло и Зоран ДОО увоз-извоз Скопје


ЕНЕРГО СИСТЕМ е приватна компанија од Скопје, со повеќе годишно искуство во проектирање, изведување и продажба на системи и опрема за термотехнички инсталации, греење-ладење и вентилација, гасоводни инсталации, проекти за заштеда на енергијата и обновливи извори на енергија.

Енерго Систем бара има потреба од следната работна позиција:
СМЕТКОВОДИТЕЛ


 
Критериуми за работно место:
  • Високо образование – Економски факултет;
  • Работно искуство од минимум 3 години како сметководител.
  • Познавање на МСФИ
  • Одлично владеење на програмскиот пакет MS Office, особено MS Excel;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање ЕРП системи и искуство во работа со Пантеон ќе се смета за предност.

Професионални знаења и способности:
  • Аналитички способности, организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
  • Исполнителност;
  • Ефективност, ефикасност, прецизност и навременост;
  • Доверливост, лојалност и професионалност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;

Работни задачи:
  • Прием и проверка на влезна и излезна документација и нејзино сметководствено евидентирање
  • Книжење денарски и девизни изводи и затварање на отворени ставки
  • Сложување на картици со коминтенти и изготвување на компензации
  • Обработка на влезни калкулации и распределба на трошоци по трошковни места
  • Активно учество во процесот на изготвување на годишната сметка

Нудиме:
  • Динамична и професионална работна средина
  • Можност на напредување во кариерата
  • Конкурентна плата соодветна на работното искуство
  • Редовно посетување на КПУ обуки
  • Работно време: понеделник – петок од 8 – 16 часот.

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде