ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
БРАВАР
- Солидно познавање на процесот на формирање и местимично заварување со цел на укрутување на склопот и добивање на бараната геометрија на склопот се со цел на избегнување на било какви девијации и дилатации на материјалите
- Изведување на заварени споеви со МИГ/МАГ Техника (прихевтување)
- Формирање на различни склопови на различни типови на материјали (алуминиум, нерѓосувачки челик, јагленороден челик, комбинација помеѓу нив)
- Солидно познавање на можни дефекти при формирање на склопот и нивно отстранување
- Работа со аголни брусалици, со цел припрема на заварените споеви, дупчалка и гасен пламен
- Минимум средно образование од техничките струки
- Претходно работно искуство како Бравар во производствена средина ќе се смета за предност
- Познавање на Законската регулатива од областа на безбедност и здравје при работа
- Способност за читање на техничка документација
- Способност за прецизна работа со детали
- Способност за работа под притисок и кратки рокови
- Конкурентни месечни примања
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места