
За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 300 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:
МАГАЦИОНЕР
Основни одговорности и задачи:
- Квантитативен прием, истовар и складирање на роба по артикал
- Следење на состојбата на робата, нивна подготовка и испорака до производство
- Селектирање и евидентирање на приемници/издатници во софтвер – водење евиденција и документација, согласно интерните правилници за работа на компанијата
- Учество во редовен годишен попис
Квалификации и компетенции:
- ССС
- Работно искуство како магационер ќе се смета за предност
- Искуство со управување со вилушкар ќе се смета за предност
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Отворената работна позиција е за во нашите канцеларии во Прилеп.
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку копчето Брза Апликација.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.
Рокот за пријавување е до 12.02.2023 година.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.