Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Меѓународни училишта Нова
NOVA International School
Оглас за вработување на лице за обезбедување
Меѓународни Училишта НОВА објавува оглас за Лице за обезбедување на училишниот кампус. Потенцијалниот кандидат треба да биде одговорна личност, способна за тимска работа, која ќе ги почитува и поддржува училишните политики.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
Завршено средно образование
Солидно познавање на англискиот јазик
Развиени комуникациски вештини
Предност ќе имаат кандидатите кои поседуваат лиценца за обезбедување, како и лица со
претходно искуство во обезбедување на објекти.
РАБОТНИ УСЛОВИ:
Полно работно време,
Работа во смени,
Почетен договор на определено време со можност за продолжување.
Заинтересираните кандидати треба да ги поднесат електронски следниве документи: биографија, сертификат за завршено средно образование, други релевантни сертификати. Краен рок за поднесување на документите е 6ти февруари 2023 година. Документите треба да се испратат преку Брзата Апликација. Избраните кандидати ќе бидат известени и поканети на интервју.