СОС Детско село е Здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права. За таа цел има и основано Приватна Установа за вон-семејна заштита СОС ДЕТСКО СЕЛО – СКОПЈЕ преку која ги спроведува своите услуги за деца без родители, згрижувачки семејства и семејства и млади во социјални ризици.
Приватната Установа СОС Детско Село – Скопје, огласува слободно работно место на определено време од 3 години со можност за продолжување:
ДИРЕКТОР на ПРОГРАМИ ( CV Program director)
Директорот на програми, под надзор на Управниот Одбор и Извршниот директор на Здружение на граѓани СОС Детско село Северна Македонија и соработка менаџерскиот тим и со функционалните позиции во Националната канцеларија, го води севкупниот развој и имплементација на услугите кои се дел од Установата, во согласност со закон, визијата, мисијата, организациската стратегија, политики и стандарди.
Клучни одговорности:
- Директорот на програми ги раководите сите програмски единици (програми) и ги имплементира годишните планови, презема мерки за нивно ефикасно спроведување, ги извршува одлуките на органот на управување, поднесува извештај за резултатите од работењето до Националната канцеларија на СОС Детско Село Македонија
- Го води спроведувањето на услугите во согласност со важечките закони, меѓународни и национални политики, стратегии, стандарди за квалитет и водичи
- Учествува во стратешкото планирање на организацијата СОС Детско Село како дел од националниот менаџерски тим
- Раководи со процесите на годишно програмско и финансиско планирање и известување на установата и услугите кон сите засегнати страни
- Ги следи измените на законските и подзаконските акти релевантни за работата на програмите и услугите и врши усогласување согласно промените
- Придонесува во унапредување на постоечките услуги и програми или развој на нови согласно потребите на заедницата и придонесува за нивна само-одржливост
- Учествува при развој и воспоставување на нови социјални услуги или проекти на различни локации во државата
- Го следи севкупното финансиско работење и ја контролира искористеноста на буџетот на установата и услугите согласно годишниот план и врз основа на извештаите на одделот за финансии
- Осигурува спроведување на Политика на Заштита на децата и сите документи кои се во врска со политика на заштита на деца во асоцијацијата
- Одговорен е за раководење засновано на резултати, вклучувајќи планирање, следење и евалуација на услугите;
- Осигурува квалитетно спроведување на стручната работа преку Раководителите на програмите
- Координира и обезбедува соработка помеѓу сите области на работа во рамките на установата;
- Одговорен е за управување со квалитетот на услугите и осигурува спроведување на националните и меѓународни стандарди за квалитет и методологии за работа
- Го води и координира тимот на раководители кон ефикасно спроведување на работните планови и цели
- Го менаџира работниот учинок на Раководителите и административниот персонал
- Развива и зајакнува партнерства со други организации и институции, од важност за работата на СОС Детско Село
- Ја промовира работата на организацијата на јавни настани, конференции, медиуми и општа јавност
- Промовира професионална комуникација и организациска култура базирана на почит и професионална меѓу тимска и организациска соработка
Потребни квалификации:
- Високо образование: дипломиран социјален работник, психолог, педагог, дефектолог, социолог, економист, правник или друг профил од општетсвено – хуманистички науки и организациски науки.
- Минимум 5 години работно искуство на раководна позиција
- Вештини за проектно работење (подготовка и имплементација на проекти)
- Искуство во управување со проектни буџети
- Силни комуникациски вештини и висока работна етика
- Способност за стратешко размислување
- Вештини за тимско работење
- Ориентираност кон решавање на проблеми
- Способност за справување со работа под притисок
- Вештини за градење и развој на тимови
- Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
- Вештини и знаење за работа со компјутерски апликации (Windows, MS Office).
Предност
- Познавање на важечката законската регулатива од областа на социјална заштита
- Работно искуство во раководење на тимови во невладиниот сектор или установи од областа на социјалната заштита
- Вештини за проектно работење (подготовка и имплементација на проекти)
Работни услови:
- Работа на определено време во траење од 3 години со можност за продолжување на неопределено време
- Работно време од понеделник до петок од 08.00 до 16.00
Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 06.02.2023 преку полето Брза Апликација.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на СОС Детско село Скопје и истите да бидат зачувани во дата базата.