Лице за Продажба во Продавница
Скопје
Рок за пријавување:
- АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ
Од самото основање па се до денес, Нашата компанија АТОМЕМ ДОО е компанија која овозможува врвна услуга во областите на продажба, дистрибуција и логистика користејќи ги најсовремените идеи, можности и ресурси.
Во своето долгогодишно работење, покажуваме професионалност, ориентираност кон нашите деловни партнери, како и обезбедување максимална дополнителна вредност за финалните потрошувачи. Долгогодишното искуство и доверба помеѓу домашните и странските соработници, на нашата компанија и овозможуваат стабилен и перманентен раст, комбиниран со позитивна енергија, флексибилност и креативност.
Огромното искуство овозможи технолошка комплетна понуда на напредни производи и врвен квалитет, поткрепени со стандарди за еколошка безбедност и заштита на човековата средина. Супериорната визуелна препознатливост на продажните места, потполното задоволство на потрошувачите и победничкиот дух на нашиот продажен тим остануваат нашите главни приоритети во тековното успешно работење.
Атомем ДОО Скопје во моментов има потреба од следната работна позиција:
Лице за Продажба во Продавница
Лицето за продажба :
- врши продажба на производи во сегментот Авто Опрема и Козметика
- обезбедува добра изложеност на производите во продажното место
- ја следи продажбата и истата ја контролира
Вештини и квалитети кои треба да се поседуваат:
- Фокусираност на зададените цели.
- Увереност и лојалност.
- Можност за самостојна и тимска работа.
- Презентациски вештини.
- Продажни вештини.
- Способноста за ефикасно решавање на одредени проблеми.
- Комуникативност.
- Tрпеливост и упорност.
- Познавање на компјутерски вештини (excel, word)
- Возачка дозвола (б категорија)
Oдговорности на лицето за продажба:
- Позиционирање на артикли.
- Помош на потрошувачите да го пронајдат бараниот производ.
- Следење на артикли (декларации,оштетување на роба)
- Поставување и следење на акциски банери за одредени артикли (акциски)
Што нудиме?
- Одлични услови за работа,
- Можност за напредување.
Огласот е активен 15 дена од денот на објавувањето.
Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата „Лице за продажба“.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!