Vrabotuvanje.com - Административен работник - Прилеп - МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Административен работник

Прилеп

Рок за пријавување:

  • МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП

За Микросам:

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 300 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:

Административен работник

 

Основни одговорности и задачи:

  • Административна поддршка и учество во внатрешни координативни активности
  • Организирање деловни состаноци и седници и водење на записници од истите
  • Изготвување и испраќање на известувања, овластувања, потврди и слична документација
  • Водење на деловодни книги
  • Превод на документи од македонски на англиски јазик и обратно
  • Управување со системот за работно време, отсуства, годишен одмор и други работи поврзани со вработените
  • Организација и логистичка поддршка при службени патувања
  • Прием на дојдовни повици и нивно пренасочување доколку е потребно

Квалификации и компетенции:

  • ВСС ќе се смета за предност  
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Организација и одговорност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Тимска работа и способност за работа под притисок и со кратки рокови
  • Желба за успех, континуирано учење и лично подобрување
  • Самоиницијативност и способност за самостојна работа

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
  • Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
  • Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
  • Организиран превоз и храна
  • Кариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти

Отворената работна позиција е за во нашите канцеларии во Прилеп.

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку копчето Брза Апликација.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.

Рокот за пријавување е до 18.02.2023 година.

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 

Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде