Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт, Хотел Смрча и Хотел Лоџ, како и Ски Центар Маврово) кое е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.), објавува оглас за работна позиција Оперативен Менаџер.
Доколку сакаш да бидеш дел од нашиот тим и да работиш за една успешна компанија аплицирај за работното место
ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР НА РЕСОРТ МАВРОВО
Работни одговорности на Оперативниот Менаџер:
- Одговорен за непречено функционирање на сите сектори/оддели во склоп на хотелите во РЕСОРТ МАВРОВО
- Одговорен за оперативните функции на Сектор Ресторан, Сектор Кујна, Сектор Сместување, Сектор за техничко одржување и Сектор за набавки и логистика.
- Целосно познавање на внатрешната оперативна работа на хотелот, вклучувајќи ги цените на собите, правилата на хотелот, специјалните понуди, достапноста, ВИП гостите, хотелските настани и многу повеќе.
- Контрола на оперативната состојба на просториите и контрола дали се во предвидените стандарди и критериуми за услужување на гостите.
- Поддршка на раководителите во сите аспекти на водење на тимови.
- Одржување редовни состаноци на оперативниот тим со целиот HOD (неделно/месечно)
- Имплементација на процедури и процеси во сите сектори и контрола на нивното спроведување при рутински оперативни проверки. Насоки од Генерален Менаџер треба да се преземат каде и да е потребно.
- Следење на барањата и набавките на секој оддел и и решавање на проблемски ситуации
- Учество во управување и следење на приходите со искуство во буџетирање, P&L и прогнозирање.
- Редовна ад хок проверка и контрола на залихите (квалитет, ново на залиха, рок на траење и сл) во соработка со секторски менаџери.
- Редовна контрола и проверка на поставените системи за греење и ладење, за нивното непречено функционирање, соработка и изнаоѓање на брзи и ефикасни решенија и сервиси за нивно редовно одржување.
- Проверка на сите сектори со нивните соодветни менаџери за чистота, амбиентот, подготвеноста за услуга, изглед и однесување на персоналот и култура на гостопримство.
- Одговорен е за координација помеѓу сите сектори за непречено и ефикасно работење.
- Обезбедува проценка и преглед на задоволството на клиентите и процесот на обновување на услугите
- Врши контола и е одговорен за развој на вработените
- Врши контрола на обуката на персоналот (квалитет и континуитет) во согласност со Програмата за менторство
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Високо изразени комуникациски и интерперсонални вештини
- Вештини за преговарање и презентација
- Позитивна, флексибилна и проактивна личност
- Градење на тимска работа
- Развивање на другите вработени во тимот
- Планирање, Буџетирање, Организација на работата
- Решавање на проблеми и Одлучување
Потребни квалификации:
- Познавање на англиски јазик (говор и пишување). Познавање на друг јазик се смета за предност;
- Високо образование, предност од областа на Економски факултат, Туризам и Угостителство и сл.
- Искуство на иста или сродна работна позиција во областа на хотелиерството од мин. 5 години ќе биде предност;
- Вештини за работа со компјутер; Познавање на Microsoft Office: Word, Excel, Power Point, Internet, социјални мрежи
Доколку станете наш вработен добивате:
- Вработување на определено време со можност за продолжување и на неопределено време согласно перформансите на кандидатот
- Можност за напредок, награди и бонуси;
- Обуки и тим билдинг активности;
- 50% попуст на сместување во нашите сместувачки капацитети како и 20% попуст во ресторанот во хотел Бистра
- Дополнителни бенефиции согласно работната позиција
Локација: Маврово (по потреба и во канцеларија со седиште во Скопје)
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку Брзата Апликација и во subject наведете Оперативен Менаџер.
Рок за пријавување на огласот: 20.02.2023
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- РЕСОРТ МАВРОВО е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.