Производителот на сувомесни производи и трговец на големо со
прехрамбени производи ПЕКАБЕСКО АД заради остварување на
своите цели објавува оглас за следнава работна позиција:
КОМЕРЦИЈАЛЕН РЕФЕРЕНТ ЗА РЕОН ГЕВГЕЛИЈА
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Кандидатот потребно е да биде со место на живеење во Гевгелија, Богданци, Валандово или Струмица,
- Средна стручна подготовка - ССС
- Познавање на работа со рачен компјутер (hand handler),
- Преговарачки способности и комуникативност,
- Ориентација кон остварување на продажни резултати,
- Возачка дозвола Б категорија.
Работни услови:
- Работниот однос се склучува на определено време од 6 месеци со можност за продолжување,
- Вкупни месечни примања во нето износ до 40.000 денари,
- Работното време е од понеделник до петок и изнесува вкупно 40 часа.
Напомена:
- Апликациите на кандидатите кои немаат работно искуство од областа нема да се разгледуваат,
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите,
- Избор ќе се изврши во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување,
- Испратете го вашето CV ( молба ) преку Брзата Апликација.
- Апликациите да се достават заклучно со 31.01.2023 година.
Пекабеско АД