Раководител на продажно место
1 (една) позиција - Прилеп
Профил на кандидатот:
- Образование ВСС
- Познавање на англиски јазик
- Висок степен на одговорност и аналитичност
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Самоиницијативност и услужливост
- Енергичност и истрајност
- Посветеност, висок личен интегритет и деловна култура
Работни задачи и одговорности:
- Се грижи за успешното и профитабилно работење на продажното место
- Спроведува секојдневна контрола на храната и производите, дали се во склад со пропишаните правила и ISO процедури
- Врши директна продажба на производи во продажното место согласно дадените упатства за работа
- Спроведува одговорна, професионална и проактивна комуникација со купувачите
- Со примена на продажни вештини, врши презентирање на производи и тековни акции
- Врши анализа на резултатите од работењето на продажното место и изготвува месечни извештаи со предлог решенија зa оптимизација и подобрување на работењето на продажниот објект
На кандидатот му нудиме:
- Работа во позитивна и пријатна атмосфера
- Организирана исхрана и превоз
- Конкуренски месечни примања
- Подарок за роденден
- Работа во смени
Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV преку Брзата Апликација со назнака “Раководител на продажно место”
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
