Vrabotuvanje.com - Администратор за Човечки Ресурси - Кичево, Самоков - Vrabotuvanje.com за клиентот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор за Човечки Ресурси

Кичево, Самоков

Рок за пријавување:

Работодавач: Vrabotuvanje.com за клиентот

 

Фирма за производство бара искусен

Администратор за Човечки Ресурси
Кичево, Самоков

Потребни способности и карактеристики:

  • BCC (предност правен смер или социјална работа и политика) или како замена Работно искутсво од мин. 4 години во областа на правото, администрирање или човечки ресусрси  
  • Познавања на законодавството поврзано со работни односи, договори и правни дела
  • Одлични комуникациски вештини и способност за индивидуална и тимска работа
  • Самоиницијативност, енергичност и посветеност кон работата со интерес за подобрување.
  • Познавање на Англиски и Албански јазик.
  • Возачка дозвола - Б категорија

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Динамична личност со изразени комуникациски и презентациски вештини;
  • Способност за работа под притисок и работа со кратки рокови;
  • Професионалност и дискретност;
  • Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
  • Аналитичност, организираност и самоиницијативност;
  • Способност за тимска работа;

работни задачи:

  • Одговара за спроведување на кадровски и трудови политики и активности во согласност со стратегијата на компанијата.
  • Врши оценка на потенцијални кандидати за вработување, дава мислење и препораки.
  • Ја ажурира и одржува базата со потенцијални кандидати за вработување.
  • Обезбедува квалитетни услуги за вработените во врска со нивните права од работен однос за добивање на документи (договори за работа, потврди, решенија, одлуки, итн.), како и спроведување на точни административни постапки усогласени со закон и процедури.
  • Подготвува и доставува до претпоставениот разни анализи и информации во областите  за кои одговара.
  • Соработува со сите сектори во компанијата за да ги оптимизира резултатите во областа на човечките ресурси.
  • Обезбедува поддршка за секторите во врска со плановите и трошоците за нивната работна сила, обезбедувајќи ажурирани податоци, документи и информации од системот за човечки ресурси.
  • Обезбедува правна усогласеност на компанијата во врска со политиките и системите за управување со човечките ресурси.
  • Развива и дава препораки за подобрувања на процедури, правилници, стандарди, спецификации, методи и процеси во својата област.
  • Организира и управува со активности за прием и обработка на документи и ажурирање на податоци за вработените во системот,
  • Организира прием и обработка на барања, молби, одлуки, решенија,
  • Изработка на договори, решенија, одлуки за вработени, пријава и одјава во АВРМ
  • Евиденција на работно време, отуства и годишен одмор
  • Асистирање во процесот на менаџмент на вработените  
  • Административна поддршка во исполнувања на секторските барања  
  • Следење на правни регулативи потребни за работата на компанијата
  • Прием на дојдовни телефонски повици и презентирање на принципите на работа на компанијата
  • Примање на барања од клиенти и изготвување на понуди на клиенти
  • Организирање на состаноци со клиенти и потенцијални кандидати
  • Останати работи во доменот на човечки ресурси и администрација.

нудиме:

  • Динамична и професионална работна средина
  • Можност на напредување во кариерата
  • Конкурентна плата соодветна на работното искуство


​Доколку сте заинтересирани, испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик преку Брзата Апликација.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде