Агенти за развој на бизнис (Скопје, Битола, Штип и Тетово)
Скопје, Битола, Штип, Тетово
Рок за пријавување:
- Lycamobile
Како резултат на зајакнување на нашите деловни операции, во потрага сме по член на позицијата:
Работни задачи:
- Демонстрирање и објаснување на продукти, методи и услуги ;
- Обезбедување на примероци од продукти, постери, информативни брошури или други стимулации за презентација на трговците на мало со цел да се склучи соработка со истите;
- Промовирање на продукти и евидентирање/подготовка на извештаи за продажба;
- Теренска контрола и проверка на продажни активности, препознавање на можности за брендирање и поплнување на формулар за повратни информации од трговците на мало при секоја посета;
- Постување и организација на прикази и демонстрација за привлекување на вниманието на потенцијалните клиенти и осигурување дека малопродажниот бизнис ќе работи непречено;
- Транспорт, склопување и расклопување на материјалите што се користат во презентациите;
- Способност да се развие длабинско разбирање за потребите и навиките на трговците на мало во одредената територија (зона);
- Способност да се идентификуваат можностите на пазарот и обезбедување на различност од конкуренцијата со цел да се обезбеди растна соработката со трговците на мало;
- Способност за директна соработка и комуникација со регионални менаџери, канцелариски менаџери и маркетинг референти;
- Промовира/продава/обезбедува нарачки од потенцијалните трговци на мало преку пристап заснован на клиентски односи;
- Брзо и ефикасно решавање на проблеми и поплаки од клиентите;
Квалификации и вештини:
- Универзитетско образование;
- Продажба и маркетинг - Познавање на принципи и методи за прикажување, промовирање и продажба на производи или услуги. Ова вклучува маркетинг стратегија и тактики, демонстрација на производи, техники на продажба и системи за контрола на продажбата;
- Солидно познавање на пазарот;
- Препорачливо е познавање на англиски јазик;
- Познавање на компјутер – Windows и MS Office пакети (MS Outlook, MS Word, MS Excel, MS PowerPoint);
- Комуникациски вештини;
- Организација на време;
- Отвореност и флексибилност кон промени;
- Трговец на мало и лична услуга - Познавање на принципите и процесите за обезбедување на малопродажни и лични услуги. Ова вклучува проценка на потребите на трговците на мало, исполнување на стандардите за квалитет за услугите и проценка на задоволството на трговците на мало.
- Доверливост и одговорност - работата бара да се биде доверлив, одговорен и да се исполнуваат обврските;
- Внимание на детали - работата бара да се биде внимателен кон деталите и да се практикува темелност при завршувањето на работните задачи;
- Толеранција на стрес - Работата бара прифаќање критики и смирено и ефективно справување со ситуации со висок стрес;
- Приспособливост/флексибилност - Работата бара да се биде отворен за промени (позитивни или негативни) и за значителна разновидност на работното место;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Приспобливост за теренска работа;
- Работа во динамична и пријатна работна атмосфера полна со интересни предизвици, во сектор телекомуникации и интернационална компанија;
- Полно работно време, понеделник до петок, од 09- 17 часот;
- Почеток со работа – по договор.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!