
Фирма за производство бара искусен
Сметководител
Скопје
Критериуми за работно место:
- Високо образование – Економски факултет;
- Лиценца за овластен сметководител
- Работно искуство од минимум 3 години како сметководител.
- Познавање на МСФИ и управувачко сметководство;
- Одлично владеење на програмскиот пакет MS Office, особено MS Excel;
- Познавање на англиски јазик и предност ќе се смета албански јазик.
- Познавање ЕРП системи и искуство во работа со LUCA ќе се смета за предност.
- Возачка дозвола - Б категорија
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:
- Аналитички способности, организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Исполнителност;
- Ефективност, ефикасност, прецизност и навременост;
- Доверливост, лојалност и професионалност;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
работни задачи:
- Книжење влезно-излезна документација, денарски и девизни изводи и други документи за да ја евидентира состојбата во главната книга
- Електронско плаќање и други извештаи до надлежни институции
- Работа со банки (гаранции, акредитиви, кредити)
- Сложување аналитички картици со купувачите и добавувачите
- Подготовка на даночни пријави, завршни сметки и месечно известување за потреби на клиентите
- Врши сложување и анализа на бруто биланс
- Изготвува завршна сметка и консолидирање на билансите
- Попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената состојба на средствата и обврските со фактичката
нудиме:
- Динамична и професионална работна средина
- Можност на напредување во кариерата
- Конкурентна плата соодветна на работното искуство
- Редовно посетување на КПУ обуки
Доколку сте заинтересирани, испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик преку Брзата Апликација.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.