Друштвото за производство, трговија, услуги и градежништво ЕЛЕКТРА СОЛУШНС ДООЕЛ Скопје е компанија лоцирана во Македонија, чија примарна дејност е проектирање и стручен надзор над изведба на градежни работи и обновливи извори на енергија. Поради зголемен обем на работа Друштвото ЕЛЕКТРА СОЛУШНС ДООЕЛ Скопје има потреба од вработување на:
ТЕХНИЧКИ СЕКРЕТАР/КА
Идеалниот кандидат би бил високо мотивирана и одговорна личност, ориентирана кон детали и запазување на рокови, и добар тимски играч во тим на млади професионалци. Работното место предвидува можност за понатамошен напредок во кариеарата.
Опис на работнo место:
- Поради потреба од помош во спроведувањето на тековните и идните проекти, во потрага сме по одговорна, трудољубива, љубезна личност, ориентирана кон детали, личност која почитува зададени рокови, добар тимски играч и со познавање на Aнглиски јазик (пишан и говорен);
Минимум потребни квалификации:
- Образование: Минимум ССС;
- Работно искуство: Не се бара;
- Познавање на канцелариско работење;
- Познавање на Англиски јазик (пишан и говорен);
- Познавање на работа со компјутери, Microsoft Office (Word, Excel);
- Возачка дозвола Б категорија;
Опис на работни задачи:
- Прием на странки, повици, телефонска и е-маил комуникација;
- Водење на табели, прегледи и евиденции во Excel формат;
- Праќање и прием на пратки;
- Водење на архива;
- Подготовка и послужување на кафе и други пијалоци;
- Други работи од значење на проектите кои се во тек;
Кратка биографија со фотографија, да се достават по електронски пат преку Брзата Апликација, најдоцна до 10.02.2023 година.
Работното време започнува од 08:30 часот до 16:30 часот во просториите на ЕЛЕКТРА СОЛУШНС ДООЕЛ Скопје кои се наоѓаат на ул. Даме Груев бр. 18 – Скопје (ИНТЕКС Бизнис Центар).
За наведената работна позиција почетниот износ на нето платата е 25.000 денари, со можност за зголемување во рок од 3 месеци.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.