
Фирмата АЛТЕА ММ ДООЕЛ - Скопје
со дејност продажба и дистрибуција на алкохолни пијалоци објавува
ОГЛАС
за работа на позиција
Квалификации:
- Универзитетско образование (Економија, Бизнис администрација или Маркетинг)
- Најмалку 3 години работно искуство на иста или слична позиција
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
- Искреност, отвореност, однесување со почит, насоченост кон постигнување на исклучителни резултати, тимски играч, лојалност, склоност кон учење и отвореност кон нови искуства и знаење
- Способност за градење на односи со сегашни и потенцијални идни клиенти/купувачи
- Способност за соработка со сите сектори во компанијата во врска со брендовите
Одговорности:
- Подготовка на маркетинг план, маркетинг буџет, креирање на маркетинг стратегија и спроведување на истите во каналите ХОРЕКА и Офтрејд, пратење на искористеност на буџети, нивно оптимизирање
- Подготовува предлози за промоции и наградни игри и настап на различни маркетинг канали
- Посети на продажни места, следење на поставеност на брендовите
- Следење на залихи, изработка на план на нарачки, изработка на извештаи кон принципали и извештаи за потребите на компанијата
- Подготовка на потребна документација за маркетинг активностите кон финансискиот оддел и принципалите
- Развива, приспособува и спроведува маркетинг стратегија за брендови во согласност со стратегијата на принципалите за портфолиото и за секој поединечен бренд
- Управува со проекти и активности за лансирање на брендови и производи во портфолиото на компанијата согласно плановите за промоција и буџетите
- Подготвува месечни, квартални и годишни извештаи за маркетинг активностите и ефектите за брендовите
- Врши мониторинг на реализацијата на маркетинг концептите за референтниот бренд
- Раководење со развојот на промотивни концепти во соработка со надворешните агенции и соодветните сектори (продажба, трејд маркетинг, набавка, финансии)
Сите заинтересирани кандидати својата Професионална Биографија можат да ја испратат преку полето Брза Апликација со ЗАДОЛЖИТЕЛНА назнака на апликацијата „Маркетинг Менаџер“.
Напомена:
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!