Авицена Лабораторија, сертифицирана и акредитирана лабораторија согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2013,објавува
ОГЛАС
за работното место
Медицински лаборанти
Локација: Скопје
Потребни квалификации:
- Завршено средно медицинско училиште - отсек лабораториски техничар или медицинска сестра, со положен стручен испит
- Познавање на англиски јазик
- Активно познавање на работа со компјутери и MS Office
- Возачка дозвола Б - категорија / активен возач
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност
Одговорности и задачи:
- Лабораториска рутинска работа - од земање на примерок до издавање на резултат (земање материјал за анализа, обработка на примерокот, работа на лабораториски инструменти и др.)
- Теренска работа - посета на ординации, домови и сл. за земање материјал за лабораториска анализа
- Водење на потребната документација
- Останата административна поддршка и организација на работењето
Потребни вештини и способности:
- Одлични комуникациски и организациски способности
- Професионален и љубезен однос кон клиентите
- Способност за индивидуална и тимска работa
- Способност за брзо учење, самоиницијативност и динамичност
Напомена:
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација со назнака ‘за оглас за медицински лаборант - Скопје’.
Огласот е активен 10 (десет) дена од објавувањето.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација , со назнака ‘за оглас за медицински лаборант - Скопје’
Адреса:
Бул. 8-ми Септември бр. 2, лок. 1,
1000 Скопје
За повеќе информации:
www.avicenalab.com.mk
