Vrabotuvanje.com - Комерцијалист за продажба и Раководител на комерција - Велес - ПИ Кристал 1923 а.д.
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист за продажба и Раководител на комерција

Велес

Рок за пријавување:

  • ПИ Кристал 1923 а.д.
  • Адреса: Алексо Демниевски 18, 1400 Велес

Прехранбената индустрија „ПИ Кристал 1923 АД Велес“ од Велес веќе 90 години е синоним за квалитет. Нема домаќинство во Македонија во кое нашите производи немаат свое место. Денеска ПИ Кристал 1923 АД Велес е модерен прехранбен капацитет, во кој целокупниот производствен процес се одвива во строго контролирани услови што претставува најдобра гаранција за безбедноста и квалитетот на секој производ кој излегува од нашата фабрика.
 

 
Во моментов, имаме потреба од вработување на:
 
​комерцијалист за продажба и раководител на комерција
 
 
 

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета како предност;
  • Возачка дозвола – Б категорија.

Опис на работни задачи:

  • Да ги запознае купувачите со вистинскиот асортиман на производи, ценовната политика и сите услови на соработка;
  • Ја следи работата на конкуренцијата, известува и предлага активности;
  • Одговорен е за навремена наплата на сите доспеани долгувања, како и за целокупното административно водење на продажба;
  • Посети на клиенти;
  • Должен со својата работа да придобие што поголем број на купувачи;
  • Должен да го поддржува тимскиот дух, да соработува;
  • За време на своите посети во целост да ги застапува интересите на компанијата и да допринесе за оддржување на имиџот на компанијата која е ориентирана кон купувачите;
  • Да ги развива, да води сметка околу личното усовршување;
  • Планирање и организирање на продажни активности;
  • Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата;
  • Развивање и одржување на односите со клиентите.

Лични карактеристики:

  • Организираност и одговорност;
  • Способност за тимска работа;
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност;
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови.
 
Сите заинтересирани кандидати, својата Професионална Биографија можат да ја достават преку полето Брза Апликација. 
 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде