Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:
Oглас за работна позиција: Стручно лице за безбедност при работа
Опис на работно место:
- Ги извршува примарните обврски согласно Законот за безбедност и здравје при работа
- Се вклучува во проекти и проектни активности од областа на безбедност при работа
- Следи и имплементира новини во законската и подзаконската регулатива и стандарди од областа на безбедност при работа и работи на постојано подобрување на процесите од истата област
Минимум потребни квалификации:
- ВСС - техничка струка
- Работно искуство: најмалку 5 (пет) години работно искуство (стаж) во струката
- Познавање на Англиски јазик
- Познавање и работа со MS Office
- Возачка дозвола - Б категорија
Дополнителни квалификации/вештини/познавања:
- Уверение за Стручно лице за безбедност при работа (задолжително)
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
- Преку полето Брза Апликација
- По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 31.03.2023 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.