Vrabotuvanje.com - Касиери со скратено работно време - Скопје - КАМ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Касиери со скратено работно време

Скопје

Рок за пријавување:

  • КАМ ДОО Скопје

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојно ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 90 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.
 
Ви требаат дополнителни парични средства, не можете да работите со полно и фиксно работно време, пријавете се на огласот за:
 
КАСИЕРИ  (М/Ж) 20 часа неделно – Скопје
 

Потребни квалификации:
  • Завршено средно образование
  • Пожелно предходно работно искуство на иста позиција
  • Работно познавање на компјутери
 
Личен профил:
  • Љубезен и професионален однос кон потрошувачите
  • Сериозен и одговорен пристап кон поставените задачи
  • Комуникативна, одговорна и лојална личност
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Динамичност, желба за работа и тимски дух
  • Одговорна личност за работа со парични средства
 
Ние нудиме:
  • Почетна плата за скратено работно време, 20 часа неделно  10.750 денари + максимален бонус од 1.500 ден. кој зависи од успешност во извршувањето на работните задачи.
  • Редовна и коректна исплата за секој одработен час
  • Работа во смени по однапред дефиниран план
  • Работа во меѓународна компанија со можност за кариерен развој
  • Бонус за препорачан пријател за работа
  • Слободен ден за роденден,
  • Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден
  • Попуст за вработени во хотел Вилиџ во Охрид;
 
Молбите со наведено завршено образование, работно искуство и контакт телефон да се испратат на следната адреса:  
КАМ ДОО, Персонален оддел, ул. 35 бр.39, 1041 Илинден или преку полето Брза Апликација
 
Апликации за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница web: www.kam.com.mk
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде