ТИМ КОМПЈУТЕРС како дел од реномираниот бренд на ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ поради проширување на тимот објавува оглас за отворено работно место на позиција
ОПШТ РАБОТНИК/МАГАЦИОНЕР
ОПИС НА ЗАДАЧИ:
- Извршување на сите работи поврзани за магацинот и стоките кои се наоѓаат во него ( прием и издавање на роба во магацин, организирање, распределување и сместување на стоки во магацин, одржување на хигиена во магацинот )
- Достава на производи помеѓу нашите продажни локации и клиенти
- Одржување и организација на возила и возен парк.
- Работа во 1ва смена.
БАРАНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:
- Минимум средно завршено образование
- Возачка дозвола мин. Б-категорија
- Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови;
- Способност за самостојна и тимска работа.
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате барањата наведени погоре ве молиме испратете го вашето CV преку полето Брза Апликација.
По пристигнување на сите апликации ќе се направи селекција на кандидати кои ќе бидат повикани на интервју.
Ве очекуваме!