Vrabotuvanje.com - Комерцијален референт за продажба - Кавадарци - ИГМ-ТРЕЈД ДОО Кавадарци
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијален референт за продажба

Кавадарци

Рок за пријавување:

  • ИГМ-ТРЕЈД ДОО Кавадарци



 

Од своите почетоци во 1994 година, ИГМ-Трејд се развива како гринфилд инвестиција и прераснува во еден од најголемите производители на заварени цевки и профили од челик во Европа. Денес компанијата има над 500 вработени на локација со вкупна површина од 500.000м2  и покриен простор од 280.000м2 . Нашите производни погони се опремени со 15 производни линии со вкупен годишен капацитет од 300.000 тони. Континуирано инвестираме во нова технологија за да ја зачуваме нашата позиција како лидери на пазарот. ИГМ-Трејд е извозно орентирана компанија со фокус на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА каде се пласира 95% од вкупното производство. 

Во 2015 година ИГМ-Трејд го прошири своето работење надвор од Македонија со купување на фабриката за производство на челични производи АЛПОС Металургија во Шентјур, Словенија. 

ИГМ Трејд вработува: 
Комерцијален референт за продажба 

Ако сакате да работите, да научите и да напредувате, ако задоволството на купувачите е ваш предизвик и може да стане ваша специјалност, ако имате желба да ги освојувате европските пазари, искористете ја можноста која се нуди!


Задачи и одговорности: 

  • Продажба на челични цевки и профили, како и табли конфекциониран лим на странските пазари, 
  • Комуникација со купувачите и нивно информирање за карактеристиките на производите и нивните цени, 
  • Истражување на пазари и собирање на информации за купувачите.


Профил:

  • Сакате продажба и сте комуникативни,
  • Имате предзнаења за меѓународниот синџир на снабдување со стоки и услуги,
  • Имате завршено Економски , Технички Факултет или друго високо образование,
  • Познавање Англиски јазик или друг странски јазик.


Ние нудиме: 

  • Обука и континуирано стручно усовршување,
  • Стандардни процедури и работа во мултинационална компанија,
  • Корпоративна култура која води кон постојан развој и унапредување,
  • Напредок во согласност со способностите и постигнувањата,
  • Одлични можности за заработувачка.


Испратете ја Вашата апликација преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на апликацијата на работната позиција за која се пријавувате или по пошта на ул.Индустриска бр.2 1430 Кавадарци, тел. за контакт 043/414-500

   
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде