Vrabotuvanje.com - Електроинженер (катодна заштита) - Скопје и Куманово - РАПИД БИЛД ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електроинженер (катодна заштита)

Скопје и Куманово

Рок за пријавување:

  • РАПИД БИЛД ДОО

 

РАПИД БИЛД ДОО 
има потреба од следната работна позиција:

ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР (КАТОДНА ЗАШТИТА)
 

Напомена: Кандидатите може да се од Скопје и Куманово.

Потребни квалификации:

  • Дипломиран електроинженер
  • Познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Б-категорија
  • Работно искуство 

Опис на работни задачи:

  • Познавање на оперативните практики на и стандардите за електро изведба и нивните промени;
  • Планирање (распоредување) на работници и распределба на работни задачи;
  • Jа следи работата, искористеноста и исправноста на електричните уреди, апарати, инструменти и електрични инсталации;
  • Проектира и го контролира поставувањето на нови мрежни инсталации и вклучување на инсталации во објекти;
  • Врши контрола на електрични инсталации и опрема во погони и објекти;
  • Составува спецификации за потребни резервни делови заелектричните уреди и се грижи за нивна редовна реализација;
  • Ја контролира катодната заштита на цевководи и резервоари што ги изведува компанијата;
  • Учествува во работата и е член на комисија за прием и пуштање во работа на: машини и постројки на електричен погон, катодна заштита и заземјување;
  • Изработува електрични шеми за нови производи и инсталации;
  • Подготвува и ги координира набавките на потребените инсталациони материјали и опрема;
  • Координација со инвеститорот, надзорниот инженер и останатите изведувачи за време на реализација на проектот;
  • Ја претставува компанијата на сите координативни проектни состаноци;
  • Изготвува изведбена проектна документација за проекти;
  • Координација, надзор и учество во изведба на договорените проекти;
  • Го координира  работењето од областа на електро  -одржување во секојдневното работење на своите тимови;
  • Дијагностицирање на дефекти на електронски и електрични делови и системи;
  • Ги почитува донесените правила и мерки за БЗР и ППЗ;
  • Дејствува во согласност со критериуми за квалитет дефинирани во внатрешните политики и процедури на компанијата и имплементацијата на интегрирани системи за управување со квалитет;

Личен профил:

  • Способност за самостојна и тимска работа;
  • Високо развиени комуникациски и организациски вештини
  • Одлични аналитички способности
  • Професионален и позитивен однос
  • Желба за работа и напредок во кариерата;
  • Амбициозност и мотивираност за развој и унапредување

Ви нудиме разновидна и динамична работа, можност за екстерна и интерна едукација, шанса за понатамошно лично усовршување и адекватна заработка во согласност со Вашето искуство и залагање.

Доколку ги исполнувате бараните квалификации потребно е да пратите ваше CV  преку Брзата Апликација или да се јавите на 075/289-790.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде