Ајде да споделуваме знаење заедно!
Ајде да работиме заедно!
За работата
Ние не би биле лидер во индустријата без нашиот успешен тим за продажба. Го бараме нашиот квалификуван Специјалист за продажба кој ќе ни помогне во продажба на производи и услуги кои би помогнале да се подобри животот на луѓето ширум светот. Како специјалист за продажба ќе бидеш одговорен/на за продажба на нашите официјални обуки и услуги за клиенти, секојдневна комуникација со нашите партнери, поединци и корпорации ширум светот.
Како меѓусебно се надополнуваме?
Ќе имаш можност да работиш во интернационално опкружување, со светски познати софтверски компании и ќе ни помогнеш да ги развиеме вистинските ИТ вештини кои им овозможуваат на нашите слушатели и бизнис клиенти да успеат во работата.
Ако веќе си ентузијаст за технологија и мотивирање на другите, ако ја цениш можноста да помогнеш во развојот на тоа што значи да се биде вешт и да се научи вештина , тогаш останува само да аплицираш и да ни помогнеш да ја охрабриме секоја организација и поединец да постигне повеќе.
Твоите задачи:
- Планирање на продажба, следење на финансиски резултати и остварување на поставените цели;
- Предлози за вредност на производот/услугата во соработка со Непосредниот Раководител;
- Давање придонес во подготовка на годишниот бизнис план и постапување соодветно на поставените цели од бизнис планот;
- Соработка со одделот за маркетинг за позиционирање на новиот производ/услуга на пазарот;
- Подготвување документи за учество на тендери и јавни наддавања според насоките на Непосредниот Раководител;
- Учество во продажните активности според поставените кампањи за b2b/b2c, следење и контактирање на потенцијални клиенти и редовно ажурирање на податоците во нашиот систем;
- Работа на промоција на компанијата за зголемување на продажбата во државата и странство;
- Истражување на нови деловни можности кои можат да станат потенцијални клиенти;
- Организирање состаноци со постоечки клиенти за ажурирање на нашата понуда;
- Подготвување понуди за клиентите;
- Комуникација со клиентите на дневна база.
Кој/а си ти?
- Имаш 2+ години претходно искуство во продажба во ИТ индустријата/слична област;
- Поседуваш образование од техничките универзитети или имаш огромно познавање на напредни ИТ технологии;
- Течно зборуваш англиски јазик;
- Заинтересиран/а си за професионален развој и прифаќање нови предизвици;
- Тимски играч;
- Се водиш според резултати;
- Поседуваш возачка дозвола Б категорија, активен возач.
Ние нудиме:
- Можност за личен и професионален развој
- Флексибилно работно време и можност за работа од дома
- Слободен ден за твојот роденден
- Попусти на курсеви за тебе и членовите за твоето семејство
- Бонус според перформансите
Испрати ни го своето CV на https://hr.semosedu.com/ со наслов: Апликација за работно место специјалист за продажба
За нас
Во Семос Едукација ќе работиш со 180 креативни, паметни и добри луѓе, на проекти кои ќе те мотивираат да го ослободиш целиот свој потенцијал.
Дај ни можност да ти ја раскажеме нашата приказна!
Семос Едукација (www.semosedu.com) е водечки цетар на учење во Западен Балкан. Поставуваме висококвалитетни стандарди во индустријата за обука повеќе од 27 години, обезбедувајќи официјална обука за најголемите светски софтверски компании. Со текот на годините, го поддржувавме учењето на различни организации и поединци, обезбедувајќи обуки низ регионот на ЈИЕ, Северна Европа и Блискиот Исток. Нудиме различни сертифицирани обуки од различни продавачи, како што се Microsoft, Cisco, Oracle, Java, VMware, EC-Council, ISTQB, Scrum, Adobe, Autodesk, Unity и AWS. Покрај официјалното образование, нудиме и прилагодени обуки за различни информатички технологии, кои вклучуваат Angular, React, Vue, Go, Python, HTML/CSS, PHP, програмирање во C, C++ итн.
Нашите канцеларии се лоцирани во Скопје и Белград.
Семос Едукација служи како едношалтерски систем за обука за ИТ, што значи дека организацијата или поединецот може да ги најде сите курсеви што им се потребни за нивниот професионален развој. Семос Едукација е член на LLPA (Асоцијација на водечки партнери за учење) глобална организација со присуство во повеќе од 55 земји.
Споделуваме знаење во:
Норвешка | Шведска | Финска | Данска | Холандија | Белгија | Германија | Естонија | Кралство Саудиска Арабија | Малта | Шпанија | Италија | Унгарија | Полска | Романија | Македонија | Србија | Црна Гора | Словенија | Босна | Хрватска | Бугарија | Албанија | Косово