Vrabotuvanje.com - Планер на продажба во сектор за логистика - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Планер на продажба во сектор за логистика

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува Волксваген, БМВ, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Митсубиши, Јагуар, Ланд ровер и други. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Планер на продажба во сектор за логистика (Sales Planning - Logistics Department)
 
 
Работни задачи и одговорности 
  • Ги следи побарувањата од клиените и прави краткорочно и долгорочното планирање на продажбата;
  • Го подготвува и реализира  дневниот и неделниот план за продажба; 
  • Планерот за продажба директно контактира и соработува со клиентите, водечките производители на автомобили; 
  • Планерот директнo соработува со одделот за планирање на производство, магацин и одделот за транспорт и царина;
  • Одржува оптимално ниво залиха на готови производи во согласност со параметрите за планирање на продажбата;
  • Го подготвува транспортниот план за извоз и врши контрола на неговата реализација. 
  • Го прегледува планот за производство, бара негово прилагодување во зависност од планот за продажба и врши контрола на реализацијата
 
Образование, искуство, вештини 
  • ВСС – Логистика, Економија, ПМФ- Математика, Инженеринг, ИТ
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори)
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail)
  • Искуство во работа на B2B проекти и опкружување
  • Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Планер на продажба" преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде