Работник за лепење декларации во магацин / Работник за одржување на хигиена во магацин
Скопје
Рок за пријавување:
- КАМ ДОО Скопје
КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји во регионот со повеќе од 120 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.
Заради проширување на тимот во НОВИОТ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВО ИЛИНДЕН, бараме личности кои ќе се придружат на нашиот тим на работна позиција:
РАБОТНИК ЗА ЛЕПЕЊЕ ДЕКЛАРАЦИИ ВО МАГАЦИН / РАБОТНИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНА ВО МАГАЦИН
Ваши задачи:
- Декларант: лепење декларации на производите, водење грижа за стоката во магацинот, контролирање на точни информации на декларациите на производите. Одговарност секој производ да биде обезбеден со потребната документација.
- Хигиеничар: Одржување на хигиената во внатрешниот магацински простор, собирање отпадна амбалажа во магацинскиот простор во текот на магацинското работење; ракување со соодветна машина за одржување на хигиената на подот во магацинот.
Вашиот профил:
- Средно образование
- Минимално работно искуство
- Здрава, силна и издржлива личност.
Ние Ви нудиме:
- Навремени и сигурни примања
- Платен секој изработен час, дополнително повисоко платенa работа на празник и прекувремена работа
- Регрес за годишен одмор од 33.000 ден.*)
- Организиран превоз
- Слободен ден за роденден,
- Платено колективно осигурување од првиот месец
- Ваучер за склучување брак
- Пакет производи за Бадник и Велигден
- попуст во нашиот хотел „Вилиџ“ во Охрид.
Испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел, ул. 35 бр. 39, 1041 Илинден или преку полето Брза Апликација.
Апликација за работа можете да испратите на нашата меил адреса: personal@kam.com.mk или преку нашата веб страница: www.kam.com.mk
*Компанијата го задржува правото за промена на износот на регрес.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!