
СОРАБОТНИК ЗА СОБИРАЊЕ ПОДАТОЦИ
Меѓународна маркетинг агенција објавува повик за ангажирање на лица кои ќе работат на проект поврзан со истражување на пазарот. За таа цел, СООДВЕТНИТЕ КАНДИДАТИ треба да ги исполнуваат следните услови:
Искуство од областа на истражувања на пазарот ќе се земе како предност
- Да поседува развиени комуникациски вештини
- Да има основно познавање на англиски јазик
- Да има претходно искуство во работа со маркетинг агенции или други слични субјекти
- Да има возачка дозвола Б категорија
Потребни се кандидати од сите поголеми градови во Република Северна Македонија: Скопје, Куманово, Крива Паланка, Штип, Радовиш, Кочани, Струмица, Гевгелија, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово, Велес, Кавадарци.
Избраните кандидати ќе бидат контактирани и известени во врска со следните чекори, спроведувањето на нивна обука и датумот за почеток на работа.
Сите заинтересирани кандидати може да испратат своја кратка биографија преку полето Брза Апликација.