Затоа што можеме да постигнеме успех само со заеднички напори.
Како европски концерн за градежна технологија, STRABAG гради илјадници објекти ширум светот секоја година, обединувајќи ги вистинските луѓе, градежни материјали и машини на вистинското место. Без тимска работа - што ги надминува географските граници и области - сето ова не би било можно. Станете дел од нашиот тим!
STRABAG BMTI е сервисна и услужна компанија за сите оперативни дирекции на STRABAG SE. Основна задача и активност е внатрешна прераспределба и изнајмување, како и одржување, поправка и ремонт на градежните машини и возила на сите компании од концернот.
За потребите на работа на градилиштата во МАКЕДОНИЈА, бараме соработник за следната позиција:
АВТОМЕХАНИЧАР (Ж/М)
(Job-ID: req45636)
Задачи:
- Поправка на градежни машини и камиони на терен
- Останати работи и одговорности во рамките на делокругот на работа.
Квалификации:
- Средно образование, квалификуван - автомеханичар
- Најмалку двегодишно работно искуство во поправка на градежни машини и камиони
- Возачка дозвола Б категорија
- Подготвеност за работа на терен
- Подготвеност за работа во тим, посветеност и самостојност.
Ве молиме, вашата апликација со релевантна документација (CV, мотивациско писмо, препораки) испратете ја електронски преку онлајн формуларот на нашата веб-страница www.strabag.com (дел за кариера), или преку полето Брза Апликација најдоцна до 30.03.2023 година.