ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.
Финансиско друшто М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел од Management Financial Group (MFG), која обезбедува потрошувачки кредити во Бугарија, Романија и Македонија.
Нашата мисија е да им обезбедиме на сите, без разлика на нивниот животен статус, шанса да добијат брз пристап до финансиски алатки, продукти и услуги за да можат да си ги исполнат соништата. Ние сме млад тим, а сепак искусни професионалци. Сакаме да работиме напорно и да бидеме најдобри.
Ако си подготвен да ни се придружиш на нашето патување, ќе ни биде задоволство да ни се приклучиш во тимот!
Во интерес на нашата експанзија, во потрага сме по
Помлад Бизнис аналитичар
кој преку своите работни задолженија и соодветни анализи, потребите на клиентите ќе ги претвори во нови продукти, услуги и профити за компанијата.
Работни задачи и одговорности:
- Изработка на дневни, неделни, месечни, квартални, годишни и ад хок извештаи и анализи за резултати и перформанси,
- Контрола, проверка и тестирање на точноста на извештаите.
- Креирање на нови и иновативни начини и извештаи за подобро следење на резултатите, перформансите и процесите.
- Презентација на изготвените извештаи и анализи,
- Внесување и корегирање на податоци во ЕРП систем.
- Комуникација, анализа и презентирање на изготвените извештаи со соработници.
Потребни квалификации
- Високо образование ( Предност ќе имаат кандидати со образование од областа на Економски или Технички науки, со афинитети кон статистика и математика),
- Работно искуство во областа ќе се смета за предност,
- Претходно работно искуство со обработка, складирање, калкулирање и презентирање на податоци или искуство со алатки за обработка или визуелизација на податоци ќе се смета за предност.
- Напредни компјутерски вештини и познавање на MS Office пакетот, особено на алатките Excel и Power Point,
- Познавање на економска и финансиска терминологија ,
- Познавање на бизнис процеси,
- Напредни комуникациски и презентациски вештини,
- Високи аналитички,логички и организациски вештини
Што нудиме:
- Компетитивна плата
- Динамична и одговорна работа во Компанија со постојан раст
- Работа со фантастичен тим од професионалци и индивидуалци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација
- Пријателска работна атмосфера
- Редовни внатрешни и надворешни можности за обука
- Приватно здравствено осигурување
- Можност за дополнителни бонуси согласно политиките на компанијата
Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.
