
Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:
Опис на работно место:
- Книжење, ликвидирање и контрола на целокупна сметководствена документација;
- Изготвување и достава на ДДВ пријави;
- Пресметка на аконтации за данок на добивка;
- Подготовка и поднесување на завршна сметка и финансиски извештаи;
- Подготовка на извештаи до надлежни институции;
- Познавање и примена на важечка законска регулатива од оваа област.
Минимум потребни квалификации:
- Образование: ССС/ВСС - Економски факултет;
- Работно искуство: мин. 5 години работно искуство во областа сметководство и финансии и задолжително поседување на лиценца за Овластен сметководител/Сметководител;
- Познавање на MS Office пакетот и работење во Еxcel;
- Познавање на Англиски јазик;
- Возачка дозвола Б категорија.
Дополнителни квалификации/вештини/познавања:
- Аналитички способности, организациски способности, комуникативност, тимска работа, доверлива личност.
- Преку полето Брза Апликација
- По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 07.04.2023 година.