УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција.
Нашата визија е да бидеме константно лидери во иновации на пазарот, следејќи ги светските/европските банкарски трендови и нивното имплементирање на домашниот пазар, на тој начин нудејќи им поволности и екстра бенефиции на своите клиенти.
На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и усовршување, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Биди и ти дел од нашиот тим! ....
Уни Банка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Асистент на Управен одбор
Потребни квалификации:
- Високо стручно образование;
- Активно познавање MS Office пакетот и одлично познавање на англиски јазик, (пишување и говорење);
- Одлични комуникациски вештини и познавање на деловен бонтон.
Одговорност и задачи:
- Врши административно техничките работи, контактира со странки и деловни соработници за потребите на членовите на Управниот одбор;
- Го организира временскиот распоред на активностите на членовите на Управниот одбор и закажува состаноците што ги свикуваат и организираат членовите на Управниот одбор;
- Ја прима и ја подредува поштата што ја примаат членовите на Управниот одбор.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик преку полето Брза Апликација или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 31.03.2023 година.
Вашата апликација ќе се третира строго доверливо. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификции и услови ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање за оваа работна позиција, се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk