

Бидете дел од најдобриот тим!
Obuca Metro е најголемиот hard seller на Балканот за обувки, застапен во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и во Македонија со преку 120 малопродажни објекти. Obuca Metro Македонија е застапенa со 4 малопродажни објекти во Скопје и Штип и наскоро во Куманово. Obuca Metro Македонија има потреба од професионални, комуникативни и креативни луѓе кои сакаат да бидат дел од нашиот тим.
Со таа цел ние објавуваме оглас за вработување на:
ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ ЗА СКОПЈЕ
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ЗНАЕЊА:
- Образование: ССС/ВСС;
- Работно искуство: пожелно работно искуство на иста или слична позиција, но не и задолжително;
- Познавање на продажни техники;
- Познавање на англиски јазик – A1 ниво;
- Работа со компјутери: познавање на MS office пакет.
ОБРВСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА ПОЗИЦИЈАТА:
- Продажба и услуга на купувачи;
- Прием и изложување на роба;
- Истакнување на цени;
- Одржување хигиена во продажниот објект;
- Примена на стандардите и процедурите за работа од работодавачот;
- Грижа за имиџот на фирмата.
ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Комуникативност и убедливост;
- Харизматичност;
- Способност за работа под притисок;
- Мотивација за работа во тим.
НУДИМЕ:
- Фиксна плата плус бонуси
- Исплата на прекувремена работа
- Исплата на регрес за годишен одмор К-15
- Полно работно време - 40 часа
- Професионален и пријателски тим
- Стимулативно работно опкружување
Сите кандидати кои се заинтересирани ги покануваме да пратат CV и мотивационо писмо најкасно до 31 март 2023 преку Брзата Апликација со назнака “Вработување”.
Апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.