Офицер за известување
Скопје
Рок за пријавување:
- ЕОЅ Матрих
ОФИЦЕР ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ
ул. „Аминта Трети” бр. 1 Скопје
EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
- Финансиска анализа и обработка на финансиските податоци од тековното работење;
- Подготвување на финансиски извештаи и анализи и нивно месечно и квартално презентирање;
- Месечен и квартален внес на финансиските извештаи во системите за известување (локал и меѓународни);
- Изработка и следење на компанискиот буџет и негов внес во системите за известување (локал-меѓународни);
- Водење на финансиските продукти на компанијата на оперативно ниво и внес на секојдневните промени во системите за нивна обработка и следење;
- Следење и контрола на компанискиот систем на набавки;
- Спроведување на квартална мини интерна ревизија на сметководственото работење;
- Соработка со годишна ревизија.
Потребни квалификации
- Одлично познавање и работа во PANTHEON
- Завршено Високо образование (ќе се смета предност);
- Најмалку 3 годишно работно искуство во областа на финансиите и известување;
- Има одлично познавање од сметководствено работење;
- Активно работи во подготвување на финансиски извештаи и анализи;
- Има познавање на домашната законска финансиска регулатива и меѓународните сметководствени стандарди (ќе се смета за предност)
- Одлично познавање на компјутери и софтверски апликации (MS Office 365 - особено ексел);
- Познавање на англиски јазик
- Способност за тимска работа
- Способност за работа со зададени рокови
Работни часови неделно: 40
Работно време: од 08 – 16 часот
Успешни заедно
Ве повикуваме да аплицирате преку Брзата Апликација со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 17.04.2023 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
*Пристигнатите биографии ќе се чуваат во рок од 1 година по истек на огласот, освен доколку испраќачот не назначи поинаку. Согласноста за чување на биографија може да се повлече пред истек на наведениот рок од 1 година на маил: mkdpo@eos-matrix.mk
Бенефиции
- Компетитивна плата и бенефиции
- Работа во интернационална компанија
- Можности за хоризонтален и вертикален развој
- IT опрема
- Тим билдинг активности
- Обуки и план за професионален развој
Контакт податоци
+389 2 3200 400 | jobs@eos-matrix.mk
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!