Оператор во контакт центар за наплата
Скопје
Рок за пријавување:
- ЕОЅ Матрих
ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР ЗА НАПЛАТА
Скопје, ул. „Аминта Трети” бр. 1 Скопје - Центар
EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
- Телефонско посредување при процес на наплата на побарувања;
- Воспоставување на позитивни релации со корисниците и договарање на начини на уплата;
- Следење и мониторирање на динамиката на плаќање;
- Спроведување на апликативни стратегии за наплата;
- Реализирање на поставени таргети;
- Креирање на соодветно решение, во насока на постигнување на целта.
Работни денови: понеделник - петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: 08 – 16 часот
Потребни квалификации
- Минумум завршено средно образование (високо образование ќе се смета за предност);
- Комуникативни, јасни и концизни во изразувањето на македонски јазик (познавање на други јазици ќе се смета за предност);
- Одлично познавање на компјутери и софтверски апликации;
- Подготвени за кариерен развој;
- Подготвени за работа во динамична средина;
- Позитивен ментален став, енергични и отворени кон соработка со клиентите;
- Развиен тимски дух.
Успешни заедно
Ве повикуваме да аплицирате преку Брзата Апликација со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 31.03.2023 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
*Пристигнатите биографии ќе се чуваат во рок од 1 година по истек на огласот, освен доколку испраќачот не назначи поинаку. Согласноста за чување на биографија може да се повлече пред истек на наведениот рок од 1 година на маил: mkdpo@eos-matrix.mk
Бенефиции
- Компетитивна плата и бенефиции
- Работа во интернационална компанија
- Можности за хоризонтален и вертикален развој
- IT опрема
- Тим билдинг активности
- Обуки и план за професионален развој
Контакт податоци
+389 2 3200 400 | jobs@eos-matrix.mk
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!