Vrabotuvanje.com - Келнер/ка - Битола - Доо Јувенали Трејд - Хотел Капри
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Битола

Рок за пријавување:

  • Доо Јувенали Трејд - Хотел Капри
  • Адреса: 11-ta Makedonska Divizija br.1, 7000 Битола
  • Веб страна: http://www.kapri.com.mk
 

Приказната за Капри започнува во далечната 1995 година, со отворањето на мала пицерија во старата битолска чаршија. Горди сме да се пофалиме дека нашиот бренд над 20 години е препознатлив за успех и квалитет во делот на угостителството во Битола.
Хотел Капри располага со 20 хотелски соби, ресторан за а ла карт, тераса на отворено, сала за свечености и семинарска сала. Моментално имаме потреба од
Келнер/ка
Локација: Битола

ОПИС НА РАБОТАТА:

  • Послужување на гости, примање на нарачки и доставување на храна и пијалоци.
  • Испорачување добра и квалитетна услуга
  • Одржување на чистота на масата и садовите
  • Препорака на храна и пијалоци согласно понудата
  • Познавање на храната и менито (начин на подготвување, состојки), како и познавање на пијалоците (алкохолни и безалкохолни).

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Работниците со искуство имаат предност
  • Основно познавање во работа со компјутери
  • Основно познавање англиски јазик
  • Комуникативна, одговорна и лојална личност
  • Љубезна и позитивна личност
  • Тимска работа и професионален однос.

Плата: од 25.000 до 30.000 денари.
Работа во смени, обезбеден превоз до работа и вклучен оброк.

Доколку сте заинтересирани, можете да ја испратите Вашата биографија преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде