Правник за усогласување со прописите
Битола
Рок за пријавување:
- ФД СН-Финансии Доо Битола
- Адреса: Ул.Генерал Васко Карангелески бр.31, 1000 Битола
- Веб страна: https://krediti.com.mk/
Финансиското друштво СН Финансии ДОО Битола е современа компанија, која применува модерна технологија и е главно фокусирана на одобрување и исплата на кредити, картички издавање гаранции и факторинг.
Поради брзиот раст на компанијата и продажната мрежа ширум Македонија, СН-Финансии ДОО Битола има потреба од проширување на тимот на следната работна позиција:
Правник за усогласување со прописите
Работни задачи и обврски:
- Ги изготвува, ревидира и контролира интерните акти поврзани со правните аспекти од кредитното работење
- Одржување на знаење и следење на прописите за релевантните прашања, закони и регулативи, правила и одржување во чекор со сите промени за соодветна и најдобрата пракса во смисла на усогласеност на работењето и подобра конкурентност;
- Учествува во извршувањето на активностите за идентификација, проценка, следење и контрола на ризиците од усогласување во работењето;
- Има советодавна функција за менаџментот во однос на усогласеноста.
Потребни знаења/вештини:
- Предност Претходно работно искуство поврзано со работните задачи и обврски погоре наведени;
- Познавања на регулативата во делот на: закон за платен промет , закон за облигациони односи, закон за заштита на потрошувачите,закон за финансиски друштва, закон за заштита на лични податоци,закон за спречување на перење на пари и финансирање тероризам
- Завршено високо образование – Дипломиран правник;
- Одлично познавање на англиски јазик
- Познавање и активно користење компјутерски алатки (MS Office)
Вашата професионална биографија и мотивациско писмо испратете ги преку Брзата Апликација најдоцна до 31.03.2023 година, со назнака на огласот за кој аплицирате.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на тест и интервју.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на ФД СН финансии за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена податоците ќе бидат избришани.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!