Vrabotuvanje.com - Медицински претставник - Скопје - Panterfax
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Медицински претставник

Скопје

Рок за пријавување:

За Пантер Факс ДООЕЛ:

Фирмата Пантерфакс работи со фармацевтски препарати уште од 2008 година. Регистрирана е како веледрогерија која работи со препарати Power Diem. До денешен ден претензира да работи со препарати кои се ретки на пазарот, со функција за тешко излечливи болести, како на пример препаратот Ендонорм кој ја пушта тироидната жлезда во нормална функција или поленовиот чај (кинеска традиција 140 години) кој многу добро делува на воспалена простата и зголемениот ПСА. ТИГ 10 кој делува на тешко изразени болести како карцином, слаб имунитет. Работиме и со препаратите глуко каре кои се користат на луѓето со дијабетес. 

Компанијата Пантерфарм во моментот работи на еден стар препарат од азиска земја кој извонредно делува кај карцином на простата, јајници и дојки кај жените. Истиот е веќе регистриран во Америка и многу други земји во светот каде што има одлични резултати.


Компанијата брои 7 вработени а еден дел од компанијата работи на медицински помагала и опрема со која ги задоволува потребите на купувачите и активно излегува на тендери во Р. Македонија.
 

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

Потребни квалификации:

  • Образование: Медицински, стоматолоски, фармацевски или било кој друг факултет
  • Со афинитет кон природна медицина
  • Активно работно користење на англиски јазик (пишан и говорен)
  • Работно користење на компјутер – MS office
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б-категорија, активен возач.

Потребни способности и вештини:

  • Одлични комуникациски и развиени презентерски способности
  • Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено 
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Флексибилност за индивидуална и тимска работа
  • Иницијативност и насоченост кон резултати
  • Желба за учење и напредок во областа на работење
  • Флексибилност за работа на терен.

Главни одговорности:

  • Организирање на продажбата, реализација на зададените планови и таргети
  • Континуирано следење, евиденција на процесите и процедурите за маркетинг
  • Комуникација со деловни партнери – клинички центри, лаборатории, приватни клиники/ болници и одговарање на барања
  • Посета на потенцијални и тековни клиенти
  • Иницијативност и координативност при промовирање на услугите.
  • Посета на аптеки и медицнски установи 

Работно време: од 09:00 до 17:00 часот, понеделник до петок.


Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија (CV) преку полето ​"Брза Апликација".

За повеќе информации, посетете ја нашата веб страна http://panterfarm.mk/

Ние веруваме во природната медицина, бидејќи ништо не е совршено како природата!

 

Д

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде