http://www.ambassadebeaute.mkбул.Илинден бр.65, 1000 СкопјеBIOLOGIQUE RECHERCHE
40 ГОДИНИ ПАСИОН
Иван, Жозет и Филип Алуш, биолог, физиотерапевт и доктор, ги искомбинираа своите знаења, вештини и страсти за да испишат уникатна и визионерска страница во историјата на негувањето на кожата. Кога пред 40 години се основа компанијата, таа делуваше како лабораторија за истражување и развој, со единствена цел да се изработат формули за професионалците кои биле незадоволни од тогашните производи. Денеска, методологијата на Biologique Recherche ужива углед за својата запрепастувачка делотворност заснована на клинички приод кон негување на убавината со помош на нарочно избрани чисти, концентрирани, сурови состојки, како и иновативни и темелни протоколи и процедури. Филип Алуш е клинички доктор кој на рани години покажал интерес за дијаметрално различниот приод што го примениле неговите родители. На почетокот на 2000-тите ја презеде креативната страна на бизнисот од татко му Иван. Неговото искуство со интерната медицина му овозможи да има холистички приод кон кожата како орган кој е директно поврзан со сите други витални функции на телото. Освен тоа, благодарение на работата на одделенијата за интензивна нега се здоби со експертиза за реакцијата на органите на акутен стрес. Сега, неговото искуство дава цела една нова димензија на специјалните техники на овој бренд. Денес, Филип Алуш е гарантот на уникатната филозофија на Biologique Recherche и нивното познавање на софистицираното персонализирано негување на убавината.Повеќе за работодавачот