Оглас за вработување во Ле Гранд Казино – Скопје и Битола
Со повеќе од 25 години на пазарот, Ле Гранд Казино е едно од најстарите казина во нашата земја, синоним за перфектно искуство во светот на игрите на среќа.
Ле Гранд Казино Скопје и Битола вработува
ШАНКЕР
Работни одговорности на Шанкер во Ле Гранд Казино:
- Подготвува и послужува пијалоци во согласност со нарачките од гостите;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
- Води евиденција за залихата на пијалоци;
- Други одговорности соодветни на работното место Шанкер.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
- Лојалност и чесност;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Тимски играч и колегијалност;
- Личност која со ентузијазам ќе ги учи и применува работните задачи;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и спретност.
Потребни квалификации:
- Минимум ССС;
- Познавање на странски јазик ќе биде предност;
- Работно искуство не е потребно. Кандидатите без искуство ќе имаат обука;
- Работа во три смени.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Основна плата + додатоци на плата согласно Закон за работни односи (Минат труд, Работа во недела, Работа на празник, Ноќна смена, Прекувремено работно време) + типс согласно правилникот за бодирање на типсот за ова работно место;
- Можност за напредок согласно направените евалуации од страна на претпоставените лица;
- 50% попуст на сместување во сместувачките капацитети на Ресорт Маврово и попуст за ски карта;
- Обуки и тим билдинг активности.
Локација: Ле Гранд Казино Скопје и Ле Гранд Казино Битола
Тип на вработување: Полно работно време
Рок за пријавување на огласот: 10.06.2023
Како да аплицирате:
Пратете ни ја Вашата комплетна апликација (CV и Мотивационо писмо) преку полето Брза Апликација и во subject наведете за кој град аплицирате „Шанкер – Ле Гранд Казино Скопје“ или „Шанкер – Ле Гранд Казино Битола“
Лице за контакт: Анастасија Каранфиловска – Сектор за Човечки ресурси, К.А.К. ДОО
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ле Гранд Казино Битола е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.