
Менаџер за бизнис развој/Business development manager
Јонгис, компанија фокусирана на развој и имплементација на cloud native B2B софтверски решенија, има отворени позиции за:
ОПИС НА РАБОТНА УЛОГА:
- Креирање и имплементација на стратегија за идентификување на можности за пласман на постоечките и нови софтверски продукти/услуги
- Претставување на продуктите и компанијата на потенцијални клиенти преку online видео конференции, повици, email, директна комуникација - состаноци со лично присуство и сл.
- Управување со sales pipeline на компанијата, поставување на цели и следење на нивното спроведување
- Преговарање и склучување договори за соработка со нови партнери и клиенти, со поддршка од продукт тимот за припрема на пoкомплексни понуди/решенија
- Идентификација на неефикасни процеси во организациона поставеност кај потенцијални клиенти и можности за нивно автоматизирање со апликациите
- Меѓуфункционална соработка со интерните тимови за продукт и развој
- Анализа и припрема на извештаи за каналите за генерирање можности
ПОТРЕБНО ИСКУСТВО И СПОСОБНОСТИ:
- Минимум 3 години искуство во биз. дев, продажба или маркетинг на enterprise решенија во ИТ индустрија
- Одлични комуникациски и презентациски способности, концизно изразување при составување дописи и вербална комуникација
- Техничка подготвеност за користење workplace апликации од типот на G suite алатки, CRM системи, Microsoft Office продукти, project management apps и сл.
- Напредни аналитички и истражувачки способности
- Познавање текот на оперативни и комерцијални процеси во компании од област на големопродажба, финансии, производство, малопродажба и сл.
- Проактивност и самоиницијативност
- Професионално познавање на Македонски и Англиски јазик
ние нудиме:
- Пакетот за вработување содржи плата која се базира на искуство, како и бонуси/комисии од склучени договори.
Заинтересираните кандидати своите апликации може да ги испратат преку полето Брза Апликација со назив на работната позиција за која аплицираат.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во наредна фаза.