Винора Дооел е фирма со 25 годишно постоење на македонскиот пазар специјализирана за продажба и сервис на висококвалитетна медицинска опрема. Фирмата располага со широк асортиман на медицинска апаратура и нуди соодветни решенија во различни области од медицината.
ОГЛАС
СЕРВИСЕР НА МЕДИЦИНСКА опрема
На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации:
- Минимум средно електро техничко или ВСС, електро факултет или машински;
- Пожелно претходно искуство од 1 година во слична или иста област;
- Основно познавање на Office , Outlook Express;
- Основно познавање на технички англиски јазик (пишан и говор);
- Комуникациски способности со клиенти;
- Динамична работна средина и работа со искусен тим, способност за тимска работа, самоиницијативност;
- Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач);
- Желба за постојано учење и напредување во работата.
Опис на работно место:
- Сервис на медицинска опрема од различни производители;
- Работа на терен;
- Одговорен за редовно известување на претпоставениот за завршените работни задачи, уредно водење на документација;
- Континуирано усовршување со обуки во странство (стручни, индивидулни);
- Исполнување на предвидените задачи во предвиден рок.
Нудиме:
- Можност за сигурно и долгогодишно вработување;
- Работен однос со 40 часа неделно со работно време од понеделник до петок од 07:30h до 15:30h;
- Постојана поддршка и помош од целиот тим на Работодавачот во периодот потребен за адаптација;
- Одлична работна атмосфера;
- Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
- Можност за учење и стекнување нови вештини;
- Редовна Плата (износот зависи од образовните квалификации и работното искуство).
Доколку сметате дека Вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV преку полето Брза Апликација со наслов: “за работна позиција Сервисер на медицинска опрема”.
CV-ијата кои кандидатите ќе испратат, и при тоа не ги исполнуваат бараните карактеристики, нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија. Контактирањето на избраните кандидати ќе започне по завршувањето на огласот.