Затоа што можеме да постигнеме успех само со заеднички напори.
Како европски концерн за градежна технологија, STRABAG гради илјадници објекти ширум светот секоја година, обединувајќи ги вистинските луѓе, градежни материјали и машини на вистинското место. Без тимска работа - што ги надминува географските граници и области - сето ова не би било можно. Станете дел од нашиот тим!
STRABAG е сервисна и услужна компанија за сите оперативни дирекции на STRABAG SE. Основна задача и активност е внатрешна прераспределба и изнајмување, како и одржување, поправка и ремонт на градежните машини и возила на сите компании од концернот.
За нашите потреби, бараме:
СМЕТКОВОДИТЕЛ (Ж/М)
Задачи:
- Водење сметководствена евиденција на средствата и обврските, трошоците и приходите, основни средства и плата во согласност со законските прописи, интерните правилници на Компанијата и корпоративните правила и стандарди
- Систематизација на сметководствени документи, обезбедување на нивно уредно чување и архивирање согласно законските прописи
- Спроведување на денарски и девизни банкарски трансакции, благајнички операции, книжење фактури за трошоци, набавки на основни средства
- Евиденција, контрола и анализа на обврски и побарувања на Компанијата
- Евиденција на основни средства, инвестиции и трошоци според нивните видови и групи
- Искуство во изработка на финансиски извештаи за законски и интерни цели
- Составување на месечни и годишни даночни пријави
- Следење на законите и прописите од областа на сметководството
- Други обврски по налог на претпоставениот
Квалификации:
- Завршено високо образование - Економски факултет
- Работно искуство во областа на сметководство, економија, финансии најмалку 5 година
- Познавање на англиски јазик
- Познавање и активно користење на Excel, познавање и користење на софтверски апликации за сметководствено и финансиско работење
- Познавање на сметководствени прописи и стандарди, МСФИ, даноци, законски прописи
- Уверение за овластен сметководител
- Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено
- Добри аналитички способности, прецизност, уредност и одговорност
Ве молиме, вашата апликација со релевантна документација (CV, мотивациско писмо, препораки) испратете ја електронски преку онлајн формуларот на нашата веб-страница www.strabag.com (дел за кариера), или преку полето Брза Апликација.