Vrabotuvanje.com - Менаџер за продажба - Скопје - КАЗ ГРУП Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • КАЗ ГРУП Илинден

​​

КАЗ ГРУП ДОО Илинден, фирма за производство на водоводна опрема, за своите потреби објавува оглас за вработување на:

МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА

Опис на работни задачи:

  • Врши понуда и продажба на производи
  • Контактира, преговара и договара со деловните партнери во рамките на своите овластувања во земјата и во странство
  • Го испитува пазарот, ја прати побарувачката, промените и интересот за нови производи на пазарот и за тоа редовно го известува Директорот на продажба
  • Води евиденција за сите комитенти и изработува неделни, месечни, квартални, полугодишни и годишни комерцијални извештаи
  • Изготвува налози за работа, излезни фактури за продадени производи
  • Контактира со деловните партнери  и институции по пат на телефон, писмено и електронски
  • Се грижи за наплата на побарувањата и контактира со комитентите околу наплатата на побарувањата
  • Организирање и спроведување на увоз-извоз на материјали – меѓународна трговија
  • Строго се придржува до мерките за безбедност и заштита при работа.
  • Ги извршува задачите во согласност со Системот за квалитет по ISO 9001

Потребни квалификации:

  • Кандидатите кои имаат работно искуство минимум 3 години, за предност ќе се смета искуство во иста или слична индустрија
  • Завршено минимум ССС образование
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Aктивно користење на софтвер ERP Pantheon
  • Високо ниво на компјутерски вештини MS Office
  • Високо познавање на англиски јазик
  • Високо ниво на комуникациски и организациски способности

Нудиме:

  • Работно време од 07:30 до 15:30 часот
  • Организиран бесплатен превоз
  • Годишни бонуси
  • Роденденски подарок
  • Програма за обука и развој
  • Конкурентска плата 
  • Пријатна работна атмосфера

Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате наведените квалификации, потребно е да доставете кратка биографија, преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде