Vrabotuvanje.com - Хигиеничар во мобилна екипа - Скопје - ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Хигиеничар во мобилна екипа

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФАСИЛИТИ МЕНАЏМЕНТ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ 3/3/к.3012, 1000 Скопје
  • Телефон: 070 280 335

Зад секоја успешна компанија стои силен тим. ФМС ДООЕЛ претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици.

Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и е посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост. Имајќи го предвид нашето разбирање за моќта на тимот,  работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси.

Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании – дојдете и придружете ни се уште денес!

ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа:

ХИГИЕНИЧАР ВО МОБИЛНА ЕКИПА


Потребни квалификации:

  • Основно стручно образование,
  • Општи технички познавања,
  • Познавање на материјалите и средства за работа;
  • Претходно работно искуство со машини за чистење;
  • Возачка дозвола Б категорија


Опис на работата:

  • Генерално чистење на деловен простор.
  • Редовно чистење и одржување на канцеларии и други деловни простории.
  • Извршување на други работни задачи по потреба.


Дополнителни критериуми:

  • Обврска за придржување кон безбедносните прописи и прописите поврзани со заштита при работа.
  • Сериозен пристап кон зададените задачи.
  • Подготвеност за работа под притисок и кратки рокови.
  • Лојалност, доверливост, чесност, професионалност, ефикасност и флексибилност.
  • Спремност за работа надвор од Скопје – без преспивање.


Што нудиме:

  • мотивирачка атмосфера и плата по договор.
  • полно работно време од понеделник-сабота во две смени.
  • колективно осигурување од несреќа.
  • платени дополнителни часови прекувремено.
  • годишен одмор.
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата ХИГИЕНИЧАР ВО МОБИЛНА ЕКИПА.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде