ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
ИНЖЕНЕР ЗА FEA СИМУЛАЦИИ
- Правење пресметки со метод на конечни елементи (FEA) во доменот на еластичност, пластичност и замор на материјалот: meshes, constraints, load cases, анализа на сигурноста на пресметката, анализа на резултатите
- Рачни пресметки на јачина како проверка на резултатите (нивниот ред по големина)
- Изработување практични предлози и решенија во соработка со нашите конструктори
- Известување и презентирање на предлози и решенија
- Работа со проекти
- Навремени известувања на главниот инженер
- Диплома од додипломски студии од областа на машинско инженерство со голем афинитет кон механика (на возила) и јакост (диплома од постдипломски студии ќе се смета за предност)
- Солидни познавања од физика и математика
- Поседува (академско) основно знаење на пресметки на конечни елементи
- Подготвеност за учење на нашата методологија за пресметување (искуство со FEA пресметки на механички конструкции ќе се смета за предност)
- Прецизно и внимателно работење
- Комуникативен и тимски играч
- Способен да комуницира на англиски (пишување, зборување, разбирање).
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Разновидна средина на развој во која се претставени најразните инженерски дисциплини
- Допир со напредна автомобилска технологија која што е управувана од брзото еволуирање на пазарот и сопствениот развој
- Проекти поврзани со јавен транспорт, e-mobility...
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
- Безбедна и здрава работна околина со заштита според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа во таква средина
- Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси