Vrabotuvanje.com - Експерт за процесирање на плаќања - Скопје - ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Експерт за процесирање на плаќања

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 
 
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата
 
Експерт за процесирање на плаќања

 
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници. 
 

Позицијата вклучува:
  • Навремено импортирање на банкарските плаќања; 
  • Точно и прецизно прокнижување на банкарските плаќања на соодветните клиенти; 
  • Навремена исплата преку банкарски трансфер на издадените кредити;
  • Администрирање на кредити;
  • Следење на состојбите на банкарските сметки, со цел обезбедување на доволно средства за исплата на кредити;
  • Грижа за намалување на вишокот на парични средства на ниво  на компанија
  • Комуникација со банките (телефонска и преку емаил) со кои Тиго има соработка; 

На оваа позиција вработениот одговара пред Супервизор за процесирање на плаќања.

 
Профил на кандидат:
  • Пожелно е да има работно искуство во работа со финансии
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Ориентираност кон резултати и остварување на дадените задачи на дневно ниво
  • Поседување на аналитички вештини и ориентираност кон детали
  • Флексибилност за работа од понеделник до петок од 09:00 до 18:00 часот и сабота од 11:00 до 13:00 часот
 
Услови од компанијата:
  • Современа и најнова технологија
  • Основна плата според политиката на компанијата
  • Можност за професионален развој и напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија 
 
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето  Аплицирај.
 
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
 
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО Фајнанс, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

 
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде