Vrabotuvanje.com - Специјалист за комуникации и маркетинг - Скопје - ДИАВЕРУМ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за комуникации и маркетинг

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДИАВЕРУМ
  • Адреса: Јадранска магистрала бр.100 Бутел, 1000 Скопје
  • Веб страна: https://www.diaverum.com/

 

Диаверум е мултинационална здравствена компанија која што започнува во Шведска, и обезбедува бубрежна нега што го подобрува животот на пациентите со хронична бубрежна болест (ХББ), давајќи им можност да живеат исполнет живот. Како глобален лидер и најголем независен давател на бубрежни услуги во Европа, ние се грижиме за околу 38.000 пациенти низ 440 клиники во 23 земји на глобално ниво.

Нашиот фокус е да обезбедиме бубрежна нега приспособена на потребите и изборот на пациентите, нудејќи портфолио на третмани кои се движат од превентивна нега, хемодијализа, до координација на коморбидитетите на пациентите и дијализа за годишен одмор.

Хроничната бубрежна болест (ХББ) е глобален и ескалирачки предизвик денес кој влијае на околу 10% од возрасната популација во светот. ХББ е првенствено предизвикана од болести од начинот на живот, како што е дијабетесот, а неговата распространетост се зголемува, особено во земјите во развој и кај поединците со ниски приходи. Ние се грижиме нашите клиники бидат безбеден и познат простор каде што сите наши пациенти ќе се чувствуваат добредојдени.

Нашата визија е да ја трансформираме индустријата преку дигитални иновации насочени кон пациентите, обезбедувајќи и проширувајќи го пристапот до највисок квалитет на нега. Фокусот во работата е на нашиот стандардизиран, сопствен модел за испорака на нега, овозможен од дигиталната инфраструктура која постојано се развива. Се стремиме да обезбедиме супериорни медицински резултати што ги надминуваат оние што ги бараат националните здравствени системи и ги поддржуваме пациентите преку подобрување на персонализираната нега, леснотијата на користење на новите услуги преку технологијата.

Диаверум вработува приближно 13.000 луѓе и оперира во 440 клиники во 23 земји на глобално ниво. Диаверум има седиште во Малме, Шведска.

Дознајте повеќе:www.diaverum.com

СЕГА СМЕ ВО ПОТРАГА ПО
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМУНИКАЦИИ И МАРКЕТИНГ ВО СКОПЈЕ

МИСИЈА:
Активно да го поддржува работењето преку обезбедување материјали за комуникација и воспоставување добра мрежа со засегнатите страни во областа на комуникација и маркетингот.

ОДГОВОРНОСТИ:
Општо

  • Спроведување на планови, активности и алатки кои обезбедуваат професионална имплементација на локалната стратегија за комуникација и маркетинг
  • Користење на воспоставената платформа за корпоративна комуникација и маркетинг
  • Воспоставување на добра локална мрежа на добавувачи (графички дизајнери, печатници, агенции за комуникација и сл.)

Надворешен фокус

  • Соработка со локални кампањи за односи со јавноста (PR) и политики на јавноста (PA), провајдери, алатки и комуникациски канали.
  • Обезбедување на насоки за комуникација на брендот
  • Обезбедување дека понудата, стратегијата и вредностите на Диаверум се добро разбрани на локалниот пазар и меѓу сите засегнати страни
  • Организирање на настани

Внатрешен фокус

  • Воспоставење на стандард за комуникација, дефинирајќи ги комуникациските канали и процеси
  • Обезбедување на потребни информации за вработените
  • Подготовка на презентациите за внатрешни и надворешни цели
  • Обезбедување на поддршка за менаџмент тимот за материјали од брендот
  • Активности за дигитален маркетинг (страница на FB и LinkedIn)

ЗА ТЕБЕ:

  • Универзитетска диплома за комуникации, маркетинг или слично.
  • 1 година искуство во маркетинг и комуникација
  • Познавање на надворешна и внатрешна комуникација
  • Вештини за управување со проекти
  • Способност за брзо учење
  • Организираност, самоиницијативност и стручност
  • Одлично познавање на писмен и говорен англиски јазик
  • Дополнителни јазици се плус
  • MS Office

ПРИДОБИВКИ:

  • Пристап до нашиот внатрешен портал за обука
  • Можност за професионален развој и надоградба
  • Атрактивни услови за вработување во меѓународна компанија со воспоставена позиција на пазарот
  • Пријателска работна атмосфера со посветен и поддржувачки тим

Во Диаверум ги цениме различностите. Посветени сме на еднакви можности и на создавање на инклузивна работна средина за сите наши луѓе. Ги поздравуваме апликантите без разлика на етничка припадност, националност, пол, родов идентитет, боја на кожа, религиозни убедувања, попреченост, сексуална ориентација, возраст или брачен статус.

Аплицирај со испраќање CV на маил hr.macedonia@diaverum.com или преку полето Аплицирај.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде