Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:
Оглас за работна позиција: Проектант
Потребни квалификации:
- Образование: ВСС Дипломиран инженер по Геотехника
- Работно искуство: со или без работно искуство
- Познавање и активно користење на Англиски јазик
- Познавање на MS Office и AutoCAD
Дополнителни квалификации/вештини/познавања:
- Одлични интерперсонални, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата, познавање на позитивните прописи на Република Северна Македонија
Вашата биографија, мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
- Преку полето Брза Апликација
- По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје најдоцна до 05.06.2023 година
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.