Локомадес e грчки десерт кој се состои од мали топчиња тесто послужени топли со мед и цимет. Нашиот рецепт е традиционален и едноставен, но пред се совршено приготвен.
Иако остануваме верни на оригиналниот рецепт, додадаваме и креативен пресврт со воведување на различни преливи и филови за да ги задоволиме различните вкусови на потрошувачите. Во 2013 година, ја отворивме нашата прва водечка продавница во Атина и оттогаш се проширивме на три локации низ Атина и нејзините предградија (Атина, Вулијагмени и трговскиот центар Ривер Вест), како и мобилна кантина во Елиникон Експириенс Парк. Чест и задоволство ни е да го објавиме отварањето на нашата нова продавница во Скопје ( ул. Македонија во центарот на градот ) оваа година, па со таа цел бараме персонал за следните позиции:
Помошници во кујна (Подготовка на Локумади) / Баристи
Локација: ул.Македонија бр.10 Скопје
Имаме потреба од ентузијастична личност која сака нови предизвици на позиција работник помошник во кујна, без или со работно искуство и бариста.
Принципите и вредностите на компанијата кои секој вработен мора верно да ги следи се следните- ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Организирана и одговорна личност
- Вредни,енергични и педантни
- Позитивен став и посветеност
- Ги следи и почитува стандардите на компанијата во однос на безбедноста и квалитетот на производите.
- Ги следи дадените упатства и ги завршува доделените задачи на време.
- Дејствува проактивно и да има вистинска желба да ги задоволи потребите на потрошувачите со брзо темпо.
Квалификации:
- Пожелно познавање на англиски јазик.
- Основно познавање на компјутерски вештини.
- Возраст од 18-45 години
Работни обврски:
- Припрема на тестото и подготовка на локми со различни видови на преливи.
ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?
Пратете ја Вашата биографија електронски преку полето Брза Апликација или јавете се на телефон 075 315 314 - Анастасија (Store Manager)